1
јун
2015
Доматен сос со пилешко
Кромидот се чисти и се сецка па се става во тава. Се додава и ситно сецканиот стек, се налева со зејтинот и еден филџан вода и се динста на тивко околу 10 минути. Од како ќе испари водата се пропржува и се налева со доматниот сос. Се додава ловорот и зачините и целата смеса се вари околу 10 минути. Во зависност од вкусот зачините може да се додадат или одземат. Сосот е многу вкусен како додаток на тестенини или пире компир.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела