Во еден тајнир ги ставаме маслото, сол, бибер и крем сирење.
Авокадото го сечиме на половина, ја одстрануваме семката и со лажица го вадиме неговото месо.
Го попрскуваме со сок од лимон.
Убаво со вилушка ги пасираме и соединуваме состојките.
Сервираме во мал сад и попрскуваме со ленено семе.
Може да се служи со тостирано лепче или штотуку направени домашни лепињи.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани