Дип од авокадо и крем сирење
Состојки
- 1 средно зрело авокадо
- 100гр крем сирење
- 1лажиче маслиново масло
- 1/4лажиче сол
- 1/4лажиче свежо мелен бибер
- по желба ситно сецкан власец или босилек
- малку ленено семе
- сок од лимон, околу 1 лажица
Подготовка
Во еден тајнир ги ставаме маслото, сол, бибер и крем сирење.
Авокадото го сечиме на половина, ја одстрануваме семката и со лажица го вадиме неговото месо.
Го попрскуваме со сок од лимон.
Убаво со вилушка ги пасираме и соединуваме состојките.
Сервираме во мал сад и попрскуваме со ленено семе.
Може да се служи со тостирано лепче или штотуку направени домашни лепињи.
На здравје