
Династија Торта
10 белки се бијат со 200 гр шеќер. Откако се избиени белките се додаваат: мелените ореви, двопекот и
брашното со пецивото и се пече.
Фил 1 : 500 гр млеко се вари со 250 гр шеќер му се додаваат 2 пудинзи од ванила претходно растворени со млеко.
Фил2: 10 жолчки се бијат со 150 гр шеќер во прав и 1 маргарин и добро се бие.
Двата фила се мешаат заедно, така што се делат на два дела, во едниот се става стопеното чоколадо а другиот останува жолт.
Тестото се дели на два дела , на долниот дел е жолтиот фил а горе белиот фил , откако е готово се декорира со шлаг и чоколадо.
Исто така може опција, да се пече во караванче и да не се вади туку веднаш да се стават двата фила и одозгора со шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови