Диетален швепс
Верувале или не, овој пијалок резултира со губење на килограмите, но се додека се држите на здрав начин на исхрана. Јас сум голема обожавателка на цитронот и редовно го консумирам во мојот секојдневен план на исхрана. Веќе кога се обидувате да изгубите неколку килограми, треба да знаете дека зеленчукот, овошјето, водата и чаевите треба да бидат темелот и основата за да успеете. Со овој мој рецепт јас ќе ви помогнам доколку сакате да бидете и витки и освежени.
Многу едноставно, брзо и лесно.
Овие мерки се прилагодени за чаша од 200мл.
Половината од цитронот се цеди. Потоа во чашата се ставаат 4-5 коцки мраз (во зависност од големината, може да се стават и 3-4, се е до тоа колку преферирате)
Се додава сокот од цитрон во чашата, и веднаш по тоа се додаваат 150те мл кисела вода. На крај се наросува ѓумбирот и убаво се промешува.
Освежително, вкусно и здраво!
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови