
11
дек
2020
Десерт со тиква и чоколадо
Прекрасен и брз десерт со тиква и чоколада. Пробајте!
Подготовка
Во длабок сад на оган ставете ги печената и блендирана тиква, ванилиниот шеќер, водата и медот.
Пудингот од ванила или густинот разматете го со малку вода, да нема грутчиња, па додадете го во зовриената смеса и мешајте додека да добиете густа смеса. тргнете го садот од оган
Во друг сад растопете го чоколадото со кокосово масло и мед на тивок оган.
Во чаша, ставете прво од филот, па ореви, одозгора пак фил. на крај ставете од чоколадата и декорирајте со украсни топчиња или нешто друго по ваша желба.
Забелешка
Од оваа смеса наполнив две чаши
Лиценца: Сите права се задржани