
27
мај
2020
Десерт со пудинг и ананас
Половина од млеко ставете да зоврие, во другата половина додајте пудинг и шеќер, измешајте. Во зовриеното млеко ставете го млекото со пудинг да се вари додека не загусне. Оставете пудингот да истине.
Шлагот изматете го и додајте го кај пудинг, измешајте со маталка.
Во чаша за десерт редете еден ред пудинг, еден ред ананас и така до крајот на чашата. Одозгора ставете шлаг, врз шлагот ставете топка сладолед. Украсете го десертот со чоколадни ронки.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани