500мл.млеко се става да зоврие со шекерот. Во 100мл. млеко се растопуваат пудинзите и се додаваат во зовриеното млеко. Се вари пудингот до потребната густина и се остава да се излади. Слатката павлака се мати и се соединува со пудингот. Во 4 чаши на дното се става дробена пишкота и по малку рендано чоколадо. Потоа се става од пудингот по 2 лажици, па се ставаат кругчиња банана. Во празнината во кругот од банани - кршени пишкоти. Повторно се става од пудингот, па се завршува со пишкоти, рендано чоколадо и по една цреша. Уживајте.