Како да се вметне тиквата на мени, ако некој не ја сака? Па еве вака, ќе си направите сендвич пишкоти со кремаст фил од тиква. Откако малку ќе отстојат фино омекнуваат и се многу вкусни, така да добија комлименти и од нељубители на тиква.

Подготовка
1. Тиквата ја чистиме, мериме, ја сечеме на парчиња и заедно со сокот од портокал и шеќерот ја ставаме да се вари.
2. Откако ќе омекне ја блендираме со рачен блендер убаво да ни се измазни.
3. Прашокот за пудинг го раствораме во дел од млекото, а останатото млеко го ставаме во тиквата да ни се загрее.
4. Кога ќе почне да врие го ставаме пудингот и интензивно мешаме додека да се згусне кремот. Го тргаме на страна и ставаме путер, мешаме да ни се растопи.
5. Кремот го ставаме во шприц и ги филуваме половина од пишкотите. Врз секоја филувана, нежно лепиме друга пишкота, па ги филуваме одозгора.