9
мар
2020
Декоративен ролат со павлака и спанаќ
Превкусен и многу декоративен ролат, готов за кратко време кој може да биде одличен доручек,вечера или едноставно да ви послужи како декоративно мезе.
Прво се матат јајцата заедно со киселата павлака додека смесата стане еднолична и густа.
Се додава солта, па лажица по лажица брашното измешано со печивото.
Смесата се турива во плех обложен со хартија и се пече околу 12 минути во рерна загреана на 200 степени (најдобро проверете со чепкалка дели е испечен ролатот).
Печениот ролат додека е топол се завиткува во влажна кујнска крпа и се остава да се олади.
Оладениот ролат се филува по желба. Овој пат јас само го намачкав со павлака.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови