Чоколадото се ренда и му се додаваат мелените ореви, презлата, мелените бисквити, шеќерот, циметот и кората од портокал, сето се промешува заедно и се додава 1 филџан зовриено масло и убаво се промешува.
Се зема една кора и се става на влажна крпа, се премачкува со една лажица вода и една лажица масло. Се посипува со една рака од филот и се витка на игла за плетење. Малку се насобира и се става во плех, постапката се повторува со сите кори. Подготвената баклава се сечи на парчиња и се прелива со смеса од растопени 125 гр маргарин и 125 мл масло (смесата да биде врела). Се печи на 200 степени до добивање на златна боја.
Шербет
Во касерола се става шеќерот, водата, ванилата и циметот и се вари 10 минути од кога ќе започне да врие. На целосно изладената баклава се додава топлиот шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови