19
авг
2015
Грав во доматен сос
Ставете го маслото во огноотпорен сад и додадете ги ситно сецкани кромидот и лукот. Додадете ја и пиперката, ситно исецкана на коцкички и изренданиот морков. Пржете ги 2-3 минути, па додадете ги доматите, ситно сецкани и излупени. Додадете го магдоносот, шеќерот и посолете. Мешајте и пржете ги така околу 10 минути. Конзервата грав исцедете ја убаво и додадете ја во доматите. Зачинете и пржете уште 2-3 минути на исклучена рингла, колку се убаво да се спои.
Послужете во длабоки чинии. Одозгора наросете мелен пармезан.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови