Испечати

Грав во доматен сос

Грав во доматен сос

Состојки

  • 1 конзерва грав (околу 450 гр)
  • 500 гр домати
  • 1 мала главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 поголема пиперка
  • 1 морковче
  • 1 лажиче шеќер
  • сол, бибер, мешан сув зачин, оригано, рузмарин и мајоран
  • 1/2 киска магдонос

Подготовка

Ставете го маслото во огноотпорен сад и додадете ги ситно сецкани кромидот и лукот. Додадете ја и пиперката, ситно исецкана на коцкички и изренданиот морков. Пржете ги 2-3 минути, па додадете ги доматите, ситно сецкани и излупени. Додадете го магдоносот, шеќерот и посолете. Мешајте и пржете ги така околу 10 минути. Конзервата грав исцедете ја убаво и додадете ја во доматите. Зачинете и пржете уште 2-3 минути на исклучена рингла, колку се убаво да се спои.
Послужете во длабоки чинии. Одозгора наросете мелен пармезан.