Гнездо баклава
Уште еден успешен мој експеримент.
Прво во мала касерола на тивок оган ги соединуваме путерот и маслото.
Во еден сад ги соединуваме крупно мелените, тостирани лешници,индиски ореви, рендано чоколадо и сецкана брусница.
Сега корите ги поставуваме на работната маса.
Една чиста кујнска крпа ја навлажнуваме, но не треба да е целосно водена, бидејќи корите можат да станат глекави.
Оваа навлажнета крпа ја постиламе врз корите.
Јас користев тава за пица, со дијаметар од 28-30 цм.
Танко ја премачкав со масло.
Сега ја земаме настрана првата кора, а со влажната крпа ја покривате наредната кора која ќе ја работиме.
Доволно ќе и биде да одстои 1 до 2 минути, додека ја спремаме кората која сме ја зеле.
Со четка тенко ја премачкуваме со маснотијата, посебно водете сметка на крајчињата да бидат намастени, за да не пукаат кога ќе ја набираме или кога ќе ја сечиме.
Сега 1/3 од кората преклопуваме, како на сликата и расфрламе 1 рака од полнењето
На почеток на кората ставаме сукало и роламе.
Внимателно ја собираме кората од двете страни.
Ја набираме, го тргаме сукалото.
Така набраната кора ја сечиме на половина.
Формираме гнездо.
Подготовката е иста со целиот материјал.
Со остаток на маснотијата ги премачкуваме гнездата одозгора.
Печиме околу 45 минути на 160 степени.
Оставаме баклавата да се излади, а ние го подготвуваме шербетот.
Во касерола ставаме вода и шеќер и оставаме да проврие 4-5 минути.
Ладната баклава ја прелеваме со топлиот шербет.
После 2 часа го подготвуваме и кремот.
Во касерола ставаме млеко, шеќер, пудинг и вариме до згуснување.
Во топлиот пудинг го додаваме и путерот и енергично промешуваме за да се соединат убаво.
Празнините ги полниме со крем и декорираме со зрна лешник.
Сервираме од убавинава.
Лиценца: Сите права се задржани
Nekako Se navlekov na ovie ubavini
Samo korite da Se pogodeni.. I trpenie
Ishodot e tuka
Pre vkusna bese