Подготовка

1. Ги мешаме брашното и путерот. Втриваме со прсти додека не останат веќе видливи делчиња путер. Додаваме шеќер и ладно млеко по потреба за да добиеме тесто (штом може да се формира топка, готово е). Го оставаме тестото завиткано во најлонска фолија во фрижидер најмалку 1 час.
2. Вишните во подлабок сад ги мешаме со шеќерот и густинот.
3. На хартија за печење го расукуваме оладеното тесто во округла кора.
4. Доколку има потреба го загреваме мармаладот, за да може да се мачка. Го премачкуваме средишниот дел од кората. Го додаваме чоколадото, а потоа и вишните.
4. Ја затвораме галетата по рабовите навнатре така да средниот дел остане отворен. Вака спремна ја оставаме во фрижидер додека да се загрее рерната.
5. Ја премачкуваме галетата со јајце и печеме во загреана рерна на 180 степени 30-35 минути (додека да добие златна боја).
6. Ја оставаме целосно да се олади, а потоа со помош на цедалка просејуваме шеќер во прав врз целата површина.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани