Бајадера со ореви (посно)
Имам повеќе видови на бајадери правено, но оваа е најблиску или поточно речено повкусна од вистинската бајадера. Вкусна со убава текстура и едноставна за правење.
1. Во сад се става шеќерот со водата и на рингла тивко се растопува(не се вари) се чека мешајки да се растопи.
2. Кога ќе се стопи шеќерот се додава целиот маргарин, оревите и бисквитите. Се меша.
3. Смесата се дели на два дела. Во едниот дел се става црно чоколадо и се промешува за да се растопи.
4. Се става во правоаголен плех 21х31см со фолија. Најпрво се става црната смеса се израмнува и се остава 5 мин да се олади. Потоа се става белата смеса и се изедначува насекаде низ плехот.
5. Најгоре се става глазурата која се прави на пареа и се топи.Се прелива врз бајадерата. Се остава да олади колачот. Се сечи после 2 саати. На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани