Вкусен крцкав вегански сендвич
Вкусен растопен крем од индиски ореви, неверојатно песто од авокадо на крцкав вкусен леб. Згответе вегански крцкав сендвич и уживајте во оброкот.
Подготовка
Чекор 1: За кремот, ставете 150 г индиски ореви во многу вода околу 2 часа (или да преноќат)
Чекор 2: За сосот од авокадо и магднос потребни ви се исечкани ливчиња од магдонос, 40 г индиски ореци, маслиново масло, ½ чешне лук, како и сок од лимон. Додадете ги во сад и блендирајте со рачен блендер. Излупете го авокадото, извадете ги семките и исечкате го на коцки. Додадете го во смесата и зачинете со сол и бибер.
Чекор 3: За сосот од авокадо и магднос потребни ви се исечкани ливчиња од магдонос, 40 г индиски ореви, маслиново масло, ½ чешне лук, како и сок од лимон додадете во еден сад и блендирајте со рачен блендер. Излупете го авокадото, извадете ги семките и исечкајте го на коцки. Додадете го во смесата и зачинете со сол и бибер.
Чекор 4: Исечкајте го доматот на тенки парчиња.
Чекор 5: Двете кришки леб од едната страна намачкајте ги со масло за пржење. На намачканите страни ставете ги во тава во која претходно сте ставиле масло и на среден оган внимателно загревајте ги додека не станат крвцкави.
Чекор 6: Една од кришките намачкајте ја со пестото од авокадо и магдонос на непечената страна. Додадете ги доматите и малку спанаќ.
Чекор 7: Другата кришка намачкајте ја на неиспечената страна со кремот од индиски ореви.
Чекор 8:Поклопете ги една со друга, исечете ги на половина и сервирајте ги топли.
Чекор 9:По желба: Во мал сад со малку жешко масло пропржете капарис 2-3 минути. Внимателно извадете го капарисот од садот, исцедете го со кујнска хартиена крпа и сервирајте го на сендвичот.
Arno ama ima mnogu gradovi, koi nemaat dm marketi
Tesko deka ke moze site clenki da ucestvuvaat so svoi recepti
Pr. Jas.... Treba da odam do Veles, Skopje... za da kupam namirnici???