Виртуоз торта
Оваа торта Виртуоз ја правеше Јоли и многу ми се допадна, па решив да ја направам за мојот 22 годишен дипломец.
Тортата бара можеби повеќе трпение, но верувајте премногу вкусна.
За основата се матат белките со шеќерот, па се додаваат брашното и лешникот. Се печи во бр.24
Состојките за декорација убаво се мешаат и се ставаат во шприц. Со смесата се црта претходно исшпартаната хартија од другата страна.
Се остава во замрзнувач 20 минути.
За тестото се матат јајцата со шеќерот, се додава брашно, какао.
Ова се истура врз хартијата извадена од замрзнувач, се печи и се сечи на 2-3 ленти.
За ганаш кремот се загреваат павлаката и чоколадото до згуснување, се трга на странаи се додаваат оревите.
За филот од портокал се матат јајцата, жолчката, шеќерот,над пареа.
Се трга на страна, се додаваат сокот и кората од портокал.
На крај се додава маргаринот.
За фил од кафе се мешаат шеќерот, млекото, брашното, жолчките и се вари до згуснување. Се додава желатинот, кафето и изматената павлака.
За фил од маскарпоне се матат шеќерот и павлаката, се додавата маскарпонето.
Филување-
Прво се става основата. Од страните на калапот се ставаат лентите.
Се полни со ганаш кремот и се израмнува.
Се остава да се стегни, па се става филот од портокал. Пак да стегни.
Се става филот од кафе, пак да стегни, се става филот од маскарпоне. Се остава во фрижидер 2 часа.
Се прелева со глазурата
На тивко се растопува чоколадото, па се додава жолчката и на крај снегот од белка.
Се вади обрачот и се декорира.
Јас направив мали измени, ако ја прочитате на интернет ќе ги забележите.
За дното употребив 3 белки, а во оргиналот стои 2 белки.
За страничниот дел употребив 3 јајца, наместо 2,
Од кога ја извадив тавата со шарите, дел од смесата ми остана на хартијата.
Па изматив 1 јајце, 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно.
Повторно поминав по шарите и ја вратив тавата во рерна на 5 минути.
Ефектот беше одличен.
Во оргиналниот рецепт се користеше рикота, но јас ставив маскарпоне.
Едина грешка ми е што не сум направила завршна фотка на послужавникот, бидејќи сите нестрпливо чекаа да ја пробат, па јас и заборавив да ја сликам.
Лиценца: Сите права се задржани
tortata e prekrasna a za vkusot ne se somnevam so site tie sostojki kaj moze da ne cini
vrabotuvanja, pa svekrva da si staneeees, - a te prekrstat vo CUJNELAJ.. toa e modernoto ime za svekrvite, a pak i mnogu mi e nekako simpaticno novoto ime....
fala vi na cestitkite i site da si docekate
A ovaa slika sto ke ja prikacam e od tortata koja ja donese majka mi, mozebi na nekoj ke mu posluzi kako idea za dekoracija
E Kate - nemozes ti so mene.... ne, mene tripati ke me prekrstuvaat... jas sum so 3-tri sina (ljubi ih majka) - hihi,