Вкусно блакце кое се подготвува брзо.
Се мачка тавата со путер и се редат тортичките.
Се реди едниот ред од 15 тортички, а потоа се прелева со мармаладот од кајсии.
Потоа се редат повторно тортичките но во обратна насока.
Бананите се сечкаат на тркалца и се редат врз тортичките.
Пудингот од чоколада се вари во 400 грама млеко во кое има 4 лажици шеќер.
Се прелева врз бананите.
Така подготвените коцки се ставаат во ладилник да стегне малку пудинготод чоколада.
На истиот нчин се вари и пудингот од ванила па се прелева врз изладениот пудинг од чоколада.
Секоја коцка се декорира со шлаг кремот кој се подготвува според содржината на паковката.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови