Весели бисквити со мандарини
Се матат путерот и шеќерот додека смесата не побели. Се додават жолчките.
Мандарините се цедат и сокот и кора од една од нив ее додава во смесата.
Се додава и циметот, брашното и густинот. Се меси тестото се додека не се добие убаво и еластично тесто. Доколку лепи слободно додадете уште малку брашно. Се остава да одмори 1 час.
Јас го оставив во фрижидер така полесно се работи после тестото и доколу сакате убаво обликувани и мазни бисвити тестото треба да биде убаво изладено.
Се загрева фурната на 180 степени.
Се расукува кора дебела колку 5 мм, и од неа се вадат форми по желба.
Се редат на тепсија прекриена со хартија за печење.
Се печат околу 8-10 минути.
Може да се направи глазура со сок од мандарините, малку шеќер во прав и цимет. Смесата не треба да биде ни многу густа ни мн течна и со неа се цртаат бисквитите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови