18
апр
2020
Велигденски пралини
Одлично изненадување за децата.
Ќе ви треба модла со велигднески јајциња.
Прво чоколадото го топиме на пареа.
Со четка модлата ја премачкуваме со чоколадо и ја ставаме во фрижидер.
Во путерот од кикирики додаваме мелени бисквити и го ставаме во фрижидер убаво да се олади.
Модлата со оладеното чоколадо ја полниме со ладниот путер од кикирики и згора ставаме слој чоколадо и повторно враќаме во фрижидер.
Кога убаво се изладиле,внимателно ги вадиме формите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови