Еве од мене еден убав предлог за велигденска трпеза подготовката оди вака.
Куглофот го премачкуваме со путер,почнуваме да ги матиме белките заедно со шеќерот додека не добиеме убава густа пена во нејзе ги додаваме сувото гројзе,кокосот,брашното,зејтинот,пецивото и на крај една лажичка џем од боровница.Печеме на 180степени дваесетина минути.
Врз ова тесто додека се’ уште е жешко ја ставаме кршената чоколада и мармаладот од јагоди.
Во меѓувреме почнуваме да го подготвуваме второто тесто.
Јајцата ги матиме со шеќерот се додека не добиеме густ крем во него го додаваме растопениот путер ,брашно и пециво.Од оваа смеса оделуваме една третина додека во останатиот крем му додаваме какао и добро мешема.Прво со лажица го додаваме жолтото тесто па врз него наросуваме со цедалка какао.На крај го додавае тестото со какао и печеме половина час на 180степени.
Куглофот го премачкуваме со чоколада и декорираме по желба.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани