Веге плочки
Начин на подготовка
1. Урмите и смоквите оставете ги во вода да киснат 3-4 саати.
2. Во блендер/сецко сомелете ги овесните снегулки и бадемите. Во блендерот додајте ги откиснатите смокви и урми и путерот од кикирики. Блендирајте уште кратко време. Ставете ги сите состојки во подлабок сад.
3. Во садот додајте го какаото, ванилата, по желба може да ставите и мед. Со рака измесете ја целата смеса. Таа ќе биде леплива.
4. Со рака натапкајте ја смесата во соодветен калап, може и силиконски или било каков, во кој ќе ставите најлонска фолија. Оставете неколку саати во фрижидер да се излади и стегне.
5. Растопете го чоколадото со кокосовото масло на тивок оган и прелијте го обликуваното тесто. Откако ќе се стегне сечете парчиња-плочки со големина по желба
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови