19
фев
2016
Вегански пудинг
Најпосле стигна и мојот долго посакуван Нутрибулет - магичниот булет, во вистинска смисла на зборот. И еве го мојот прв превкусен, едноставен и најбрзо подготвен пудинг без варење. Подготовката со него е повеќе од едноставна.
На урмите (суви, но не пресувани) им се вадат коските, бананата се сечка на неколку парчиња, се додаваат останатите состојки и за неколку секунди готово е.
Ова е една варијанта која може да се прилагодува по потреба и вкус.
На децата ќе им се допадне без сомнение, а хранливите и здрави придобивки се загарантирани.
Лиценца: Сите права се задржани