Испечати

Вегански пудинг

Вегански пудинг

Состојки

  • 5 урми (без коски)
  • 1 зрела банана
  • 1 лажичка какао (или рогач во прав)
  • 1/2 лажичка ленено семе
  • околу 50 мл. вода

Подготовка

Најпосле стигна и мојот долго посакуван Нутрибулет - магичниот булет, во вистинска смисла на зборот. И еве го мојот прв превкусен, едноставен и најбрзо подготвен пудинг без варење. Подготовката со него е повеќе од едноставна.

На урмите (суви, но не пресувани) им се вадат коските, бананата се сечка на неколку парчиња, се додаваат останатите состојки и за неколку секунди готово е.
Ова е една варијанта која може да се прилагодува по потреба и вкус.
На децата ќе им се допадне без сомнение, а хранливите и здрави придобивки се загарантирани.