Идеа како да полесно ги потрошиме варените јајца, а во исто време и да послужиме одличен сос кој може компотно да биде додаток кон мезето, поготово со сувомеснатите производи и печеното месо.
Припрема
- Сите наведени состојки измешајте ги, осолете на вкус.. Ставете во плитка чинија, наредете ги исечените јајца. Ставете во фрижидер да одстои некое време додека се спојат вкусовите.. Најдобро да се спрема од вечер.
- Декорирајте по ваш избор, ситно насецкан млад кромид, магданос, мајоран, може и буковец, бибер.

Напомена
- Значи количината на сите состојки прилагодете си ја сами според вашата потреба и најбитно според вашиот вкус, но ренот овде е неизбежен.
- Јас го имав готов веќе спреман рен, а доколку имате желба да го спремите го немате сосот од ренот... ви предлагам да го спремите на овој начин за кој некде веќе и бев напишала рецепт. Кога имав рен овој сос што ви го предлагам најчесто беше застапен,
Сос од рен
1. Нарендајте 2-3 корена од рен, залијте ги со 4 лажици од говедскиот буљон, 2-3 лажици кисело млеко или кисела павлака, овкусете со сол, оцет, додајте зејтин,измешајте и спакувајте во тегличе. Внимавајте кога рендате, многу, ама многу е лут.
2. Изрендајте го ренот, закиселете, осолете, исто така соберете во тегличе, па спрема потребата само одцрпувајте по кое лажиче.. Го додавате во киселата павлака и како што погоре веќе напишан рецептот. Додаток на печените меса.
За ренот има многу да се пишува, разни дипови се прават од него.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани