
14
авг
2015
Вараждински кифлички
Во млакото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно.
Убаво сето се соединува.
Кога е втасан квасецот се додаваат солта, течните состојки и убаво се промешува.
Се додава брашно и се замесува средно тесто.
Нека кисни 20 минути.
Потоа се дели на 30 топчиња.
Секое топче се расукува во мала коричка, се засекува и се виткаат кифли.
Се редат во плех, се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам и се печат.
Во оргиналниот рецепт стои дека пред 5 минути на крајот на печењето се попрскуваат со смеса од 1 лажиче сол, 1 лажица брашно и малку вода.
Вие како сакате така правете ги.
Мене полични ми се вака.
Лиценца: Сите права се задржани