Вараждински клипичи
- Во млако млеко одвоено од вкупната количина ставете го квасецот со малку брашно и шеќер, нека се запени и почне да ферментира.
- Брашното просејте, додадете ја солта, маслото, веќе стасаниот квасец и со додавање на млекото замесете меко тесто кое ќе го месите малку повеќе време. Меко е тестото, но сами ќе почувствувате на раката кога е доста. Покријте и оставете го да стаса.
- Стасаното тесто разделете го и оформете ги топчињата од него, оставете пак да се малку стасуваат.
- Од секое топче формирајте ги клипчите растегнувајки со сукало долгнавеста форма и замотајте, а при мотањето растегнувајте ги.
- Нека стасаат, премачкајте со јајцето, посипете кимот, ставете да се печат во веке претходно загреана рерна на 220 степени околу 12-15 мин. (зависи како ви пече рерната)
- Пред да бидат готови, накај 10 минути од печењето за кратко извадете ја тавата и врз нив ставете од готовата смеса од брашното, вратете пак да се допечат.
Убави, меки и вкусни овие клипичи.
НАПОМЕНА
Оригиналниот рецепт е без смесата од брашното, слободно изоставете ја доколку не сакате вака да ги приготвите, значи по премачкувањето со жолчката и посипувањето со кимот само ќе ги печете. Покријте малку да оладат, преместете на жица и покриени дозволете сосема да оладат и за тоа време ќе станат меки како душа.
- По овој рецепт тие приготвуваат од целото тесто само 25 клипчи кои се долги околу 20 см. , јас кога како - некогаш оригинал, некогаш помали, некогаш замотани во типична кифла... значи тестото е одлично.
- Многу ми се вкусни кога ќе ги посипам со ким и чија семе
- Квасецот можеби ви се чини многу, но баш е таман.
Лиценца: Сите права се задржани