Во низот на мои рецепти со розен кори, еве уште една прекрасна декоративна Розен торта. Денес подготвена од ванила крем и крем со афион.

Подготовка:

1. Во една касерола се налева половина количина, од 500 мл млеко, се додава шеќер. Во останатата половина се раствораат густин и пудинг. Се соединувааат и се варат на тивок оган до згуснување.
Во смесата, додека е топла, се додаваат путер и бело чоколадо и енергично се меша за да се изедначи.
2. Одма во друга касерола ставаме млеко, шеќер, мелен афион и вариме до згуснување. Тргаме од оган, додаваме путер и мелени бисквити. Енергично промешуваме за да се изедначи.                                       3. На даска за колачи ставаме една кора. Ставаме, отприлика, 4 лажици фил од ванила, убаво размачкуваме. Поклопуваме со кора. Ставаме, отприлика, 4 лажици фил со афион. Размачкуваме убаво. Поклопуваме со трета кора и така, се додека не го потрошиме целиот материјал.
Најгорната кора не ја премачкуваме. Врз неа ставаме фолија и ја потиснуваме тортата со некој тежок предмет. Оставаме така еден час.
4. Потоа над пареа ја подготвуваме чоколадната глазура. Ја нанесуваме врз тортата. Посипуваме шарени трошки. Оставаме да се стегне, па сечеме штангли и сервираме.

Совет: Нанесувајте ги филовите врз корите додека се топли, полесно така се размачкуваат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани