Во низата на мои рецепти со розен кори, еве уште една прекрасна декоративна Розен торта
Денес подготвена од ванила крем и крем со афион.

Во една касерола се налева половина количина од млеко, се додава шеќерот.
Во останатата половина се раствораат густинот и пудингот.
Се соединувааат и се варат на тивок оган до згуснување.
На смесата додека е топла и се додаваат путерот и белото чоколадо и енергично се меша за да се изедначи.
Веднаш во друга касерола ги ставаме млекото, шеќерот, мелениот афион и вариме до згуснување.
Тргаме од оган, го додаваме путерот и мелените бисквити.
Енергично промешуваме за да се изедначи.
На даска за колачи ставаме една кора.
Ставаме од прилика 4 лажици фил од ванила, убаво размачкуваме.
Поклопуваме со кора
Ставаме одприлика 4 лажици фил со афион,
Размачкуваме убаво.
Поклопуваме со трета кора..... и така, се додека не го потрошиме целиот материјал.
Најгорната кора не ја премачкуваме.
Врз неа ставаме фолија и ја потиснуваме тортата со некој тежок предмет.
Оставаме така еден час.
Потоа над пареа ја подготвуваме чоколадната глазура
Ја нанесуваме врз тортата
Посипуваме шарени трошки.
Оставаме да се стегни, па сечеме штангли и сервираме.
Совет- нанесувајте ги филовите врз корите додека се топли, полесно така се размачкуваат.
Афионот го мелев во Нутрибулет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани