Пиперките убаво се мијат и се чистат од семенки. Се подпекуваат на рингла од сите страни и се ставаат во поголем сад, 1литар вода се става да зоврие. Одкако ќе зоврие се истура врз пиперките, се додава зејтинот, доматното пире и зачинот и се поклопува да одстои 5 минути. За тоа време лукот се чисти и се сецка па се дотура во чорбата. Се заедно се враќа на загреаната рингла(веќе исклучена) и се остава да седи околу 15 минути.
Оваа чорба е погодна за време на постите и е одличен прилог кон тавче гравче. Можеби звучи малку оскудно, но има посебен вкус и мирис и покрај лукот сепак има навистина добар шмек.
Рецептот е доста стар можеби на многумина познат само името од место до место е различно.
Лукот всушност е и виновник за името на оваа чорба но чорбата доста помага и против грип и настинка баш поради негото присуство.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела