Матиме четири пандишпана со по 5 јајца,5 лажици шеќер и 5 лажици брашно.Со тоа што во двата ставаме по 1 лажица какао.Треба да добиеме две бели и две црни кори.

Трите пудинга од ванила ги вариме со еден литар млеко и 10 лажици шеќер.Го оставаме сварениот пудинг на страна да се олади.
Во длабок сад го матиме путерот со шеќерот во прав. Откако ќе се излади пудингот го соединуваме со изматениот путер и матиме за да добиеме хомогена смеса и ги додаваме оревите печени и ситно исецкани. Потоа филот го делиме на два дела. Во едниот дел ставаме 200 грама растопено чоколадо, а во другиот, белиот, 10 крем бананки ситно исецкани.
Земаме два пандишпана еден бел и еден црн. Белиот пандишпан го премачкуваме со црн фил, а црниот пандишпан со бел фил и вертикално виткаме ролати.Ролатите ги ставаме во фрижидер да се стегнат 15-20 минути. Ги вадиме ролатите од фрижидер и ги сечеме по должина на половина.Го земаме црниот пандишпан и го премачкуваме со бел фил.Потоа ги редиме половинките ролати бел,па црн,пак бел и потоа црн. Празнините помеѓу ролатите ги полниме со црн фил.Го ставаме белиот пандишпан и го премачкуваме со бел фил. Одозгора филуваме со шлаг пена, а потоа декорираме со шлаг во разни бои. Јас ја декорирав со Пепелашка бидејќи беше за роденденот на ќерка ми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови