Будапест ролат со цреши
Овој ролат може да се прави и со бадеми и со лешници. Може да се употребува овошје по вкус.
1. Рерната загрејте ја на 170 степени
2. Се меша 90 г шеќер, нишесте и бадемите во чинија.
3. Во сад се матат јајцата и 90 г шеќер со миксер. Шеќерот се додава постепено не се' одеднаш. Се мати дури да дојде како пена.
4. Се истурат сувите состојки во белките и се меша полека со лажица.
5. На плех се става мрсна хартија и хартијата се мачка со малце масло.
6. Се истура смесата на плехот и се прави скоро исто голема како плехот. Се поросува со бадеми или лешници. Се пече од прилика 20 мин.
7. На маса се става друга мрсна хартија поросена со шеќер. Кога кората е готова се превртува на хартијата со шеќер и првата хартија се трга полека.
8. Се мати неутралната павлака и се сецкаат црешите. Се филова кората со павлаката и се редат црешите. Се врти од подолгата страна како ролат.
9. Се става малце во фрижидер.
10. Се сечи на поголеми делови. Се декорират со шлаг, цреши и шеќер прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови