Брзи тортиљи
Подготовка
Со каков филџан почнете со таков и завршете може горе доле да си додавате брашно.
1. Измешајте го брашното заедно со квасецот солта и шеќерот.
2. Потоа додадете го млекото, зејтинот и на крај замесете со млаката вода убаво еластично тесто. Оставете да стаса околу половина час.
3. Од стасаното тесто формирајте петнаесетина топчиња кои ќе ги развлечете во округла форма со помош на оклагија.
4. Секоја тортиља печете ја во тава без масло неколку минути од една страна и неколку минути од другата страна.
Брзо,едноставно и вкусни!!!
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани