Превкусниии, брзи, идеални за празнична трпеза, роденден, за секојдневно уживање. Се подготвуваат брзо и веднаш се печат.

Подготовка

- Во длабок сад ги ставаме брашното, солта, пецивото, ориганото и кашкавалот - соединуваме.
- Ги додаваме киселото млеко и млекото, замесуваме лепливо тесто.
- Тестото лесно се работи, со намрсени раце или со лажица зимаме од него, и формираме топчиња кои ги сплескуваме (видете дополнителни слики).
- Ги редиме врз хартија за печење.
- Премачкуваме со јајце и наросуваме оригано.
- Печеме веднаш во загреана рерна на 200 степени до заруменување (јас печев околу 20-на минути).
- Послужуваме додека се топли, идеални се со прелив од кечап.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани