Брзи лесни и вкусни.... случајно ги пробав и редовно си ги припремам

1. Во сад за месење се ставаат топлото млеко и водата и им се додава лажицата шеќер и квасецот, се меша со жица за матење.

2. Не чекаме да надојди квасецот туку во него веднаш ги дотураме половина од брашното и лажицата сол, го тураме и маслото при што оставаме окулу две лажици од маслото на страна, додаваме и две лажици од сирењето или изварката и повторно убаво мешаме со жицата за матење.

3. Го додаваме и остатокот од брашното и замесуваме тесто, кога сме при крај со месењето ги додаваме и преостанатите две лажици масло и повторно месиме се додека тестото убаво не се соедини

4. На убаво набрашнета работна површина исучете што потанка кора во форма на правоаголник и на едната половина од кората изрендајте го или измачкајте го половина од маргаринот, потоа здиплете го и повторно премачкајте или изрендајте на едната половина маргарин и повторно здиплете, повторно премачкајте со преостанатиот маргарин и здиплете.

5. Значи тоа го правите три пати и потоа ги сечете со нож краевите што се преклопени за да добиете листови(види слика),повторно ја сукате кората во форма на правоаголник што потанко и само диплите од двете страни кон средината - да добиете три слоја и потоа уште еднаш диплите од двете страни кон средината од спротивната страна и повторно сечете на краевите каде што се преклопуваат (види на сликата)

6. Ја сукате кората со дебелина од окулу половина сантиметар и врз едната половина убаво го размачкувате и нанесувате сирењето или изварката , преклопувате на половина и сечете формички- правоаголници,триаголници,коцки.... наредете во намрсен плех или на хартија за печење,премачкајте со жолчка и наросете сол и сусам , оставете да одморат 10 минути и печете 20-25 минути на 200 степени или додека не поруменат.

Доколку сирењето или изварката што ги користите не се солени ,обавезно ставете сол
Од брашното за месење одделете едно мало пајнче брашно за посипот и додека ги сучите корите цело време убаво посипувајте со брашно

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови