Уште еден брз десерт со основни состојки кои секогаш ги имате на располагање. Сите останати зачинки и екстра додатоци се по вкус и желба. Рецептот случајно го видов на интернет и ми текна дека дома има банани па зашто да не се искористат. Само не треба да бидат презреани и секако не зелени.

1. Бананите изгмечете ги со вилушка и додадете ги сите останати состојки во садот. Убаво измешајте за да добиете хомогена густа смеса. Оставете во фрижидер на кратко да се спојат вкусовите. Во сад на оган ставете поголема количина на зејтин убаво да се загрее. Со лажичка зимајте од смесата и спуштајте топчиња да се пржат. Кога ќе добијат убава боја извадете на салфетка малку да се исцедат и веднаш наросете со зачинетиот шеќер.
2. За наросување, ставете ги зачинките во шеќерот и со лажица убаво притискајте по страните од садот со што шеќерот ќе стане поситен и ќе се спои со зачините.
Послужете додека се топли.

Добар апетит =)

*Количините се од око, односно зависно колку банани ќе употребите, па ќе ги прилагодите. Не претруајте со брашно за да не дојдат како лепче.
Плус се посни =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани