Брза торта со јагоди
Најпрво ги матиме јајцата заедно со шеќерот. Постепено го додаваме брашното заедно со пецивото. На крај го додаваме млекото и маслото и убаво матиме со миксер додека се добие убава хомогена смеса.
Тестото за тортата го тураме во тркалезен калап за торта ( јас го печев во бр. 26 и иди малку подебело тесто, но ако сакате да е потанко можи и во калап бр. 28 ).
Пандишпанот го печеме околу 20-тина минути на 220 степени.
Откако пандишпанот ќе се олади врз него ги редиме јагодите сечени на половина по должина. Шлаг кремот го матиме со млекото и го нанесуваме врз јагодите и ја обликуваме тортата. Ја декорираме по желба.Тортата е многу брза и вкусна за овој дел од годината.На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови