Брза солена кекс торта
Вистинско летно солено освежување
Калап се обложува со фолија и се реди еден ред од кексот. Мајонезот се разматува со павлаката и служи како премаз за кексот. Од како се нареди кексот, се мачка со премазот и се ренда свежата краставица. Ред кекс - премаз - варениот морков - ред кекс, премаз - рендана шунка и повторно се повторува со краставица и морков. Најгоре се реди ред кекс и фолијата се затвара од двете страни-се преклопува и се става во фрижидер околу 2 часа. Се превртува на чинија се мачка со премазот и се декорира со ренданиот кашкавал. Ако сакате посолено може зеленчукот да се посоли.
Брза едноставна солена торта, доста декоративна, а може да ја прават и вашите деца како ужинка.
Лиценца: Сите права се задржани