Подготовка

Во длабок сад ставете ги течните состојки и промешајте со лажица. Потоа, додадете ги сувите состојки и замесете меко тесто кое нема да ви лепи на рацете. (Од ова тесто, направив две пици)

Земете од тестото и со помош на оклагија направете ја формата на пицата.

Одозгора, ставете лут кечап, дробено овчо сирење, сецкано лукче, чајна и сецкани печурки.

Печите на 200 степени околу 10 минути.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани