Брза пита-пица
Брза едноставна пита пица со продукти кои ќе ви се најдат во фрижидер. Многу едоставна за подготовка и секогаш може да си поиграте со состојките кои во момен ви се при рака.
Подготовката оди вака:
1.Јајцето го матиме со прстофат сол,брашното и пецивото ги мешаме.Го додаваме маслото и јогуртот го ставаме брашното и пецивото и ги соединуваме сите состојки.
2.Тавата(бр.26) во која ќе ја печеме ја намрсуваме со силиконска четка и ја ставаме смесата.Врз тестото ја ставаме ситно сецканата панцета(шунка или посебна салама),посипуваме со оригано и печеме на 200 степени половина час.
Пред крај ја вадиме питата и ставаме со лажичка малку ајвар на крај рендаме кашкавал и наросуваме сусам.Питата ја ставаме во рерна уште десетина минути малку да се потпече.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани