Брза вкусна раванија
Торта која на моето синче му е омилена и доста често ја правам дома. Мерката од една чаша всушност е 250 грама, или поточно јас мерам со поголемите шолји за чај.
Најпрво го правиме шербетот оти треба да биде ладен, а тортата топла, кога се потурува.
Започнуваме со матење на јајцата, заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Откако ќе добиеме убава смеса, ги додаваме сите други состојки, јогуртот, маслото, брашното, гризот и продолжуваме да мешаме со помала брзина на миксерот додека се не се изедначи.
Ја ставаме вака добиената смеса во набрашнета тепсија. Јас користев број 30.
Печеме во загреана рерна на околу 200 степени околу 30на минути.
Додека е се' уште топла ја сечеме на коцки и од горе ја потураме со претходно сварениот и изладен шербет.
Оставаме неколку часа да се впие убаво шербетот во тортата.
Кај нас овие неколку часа обично ги нема, хех не можиме да дочекаме да ја пробаме, ама секако е многу вкусна...