26
ное
2014
Браунис (Brownies)
Многу едноставни и вкусни браунис по рецепт на Линдт.
Загрејте ја рерната на 180Ц и намастете го калапот (20цм на 20цм) со путер или обложете го со хартија за печење.
Чоколадото со путерот растопете ги на пареа или во микробранова печка.
Се матат јајцата, шеќерот и солта, па се заедно полека се меша со смесата со чоколадо. На крај се додаваат брашното и оревите.
Смесата истурете ја во калапот и печете 20 минути.
Кога малку ќе се изладат исечете ги на коцки и посипете ги со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови