Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме аквафабата и лимоновиот сок. Матиме со миксер на најголема брзина околу 5 минути, додека не се добие пенеста, бела смеса.

2. Темното чоколадо го топиме во сад над пареа. Во друг длабок сад ги ставаме кокосовиот крем , сирупот од урми и какаото . Мешаме со жица за матење да се соединат состојките. Го додаваме стопеното темно чоколадо и кокосовото масло, промешуваме. Ја проверуваме месата дали е изладена, доколку е ја додаваме во садот со изматената аквафаба. Промешуваме нежно со лажица. Во смесата го додаваме овесното брашно и прашокот за пециво.

3. Смесата ја ставаме во сад за печење сод имензии 20х20 претходно обложен со хартија за печење. Одозгора ги ставаме чоко капките. Печиме во загреана рерна на 170 степени околу 15 минути, зависно од рерната. Оставаме да се излади, послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани