Кога ќе си направиш убаво јадење и сакаш да јадеш, јадеш, јадеш, па криво ти паѓа што не ти собира мешето повеќе =))

Вафлите ги приготвив по РЕЦЕПТОТ ЗА ВАФЛИ кој веќе е објавен, КРЕМ КАРАМЕЛОТ е по рецепт на наша Љиља, но може да се користи и готов.

Редењето е прелесно. Ставете една вафла, премачкајте со крем карамел, посипете сецкани ореви по целата површина, ставете уште една вафла, премачкајте со џем, повторно вафла, крем, ореви.. и така се додека сакате да ја зголемувате тортата во висина. Оставете ја во фрижидер да се олади за да може полесно да се сече.

Од горе јас ја премачкав со карамел и посипав сецкани ореви, но следниот пат ќе ја премачкам со матена слатка павлака или барем еден од филовите ќе го заменам со слатака павлака. Недостасуваше мало освежување на вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани