Или боранија за оние кои не јадат боранија

- 1кг млада жолта боранија (може и шарена бела боранија)
- едно чешне лук
- една главица кромид
- малку путер, сол, мешан зачин, бибер, маслинов зејтин
- една тегла сецкани шампињони (може и свежи)
- една солена павлака за готвење (500мл) или две канчиња обична кисела павлака
- 4 парчиња топено сирење
- 1 пакување крем сирење може и обично, но може и она со тревки или зачини
- малку пармезан
и по желба сирење моцарела

Се сецкаат кромидот и лукот на ситно и се пропржуваат во тавче со малку путер и маслинов зејтин, по неколку минути се додаваат печурките и сите зачини, мешан сув зачин, сол и бибер и се остава 5-10 минути да се динста. Кога печурките во себе ќе ги впијат сите зачини, а лукот и кромидот ќе омекнат и ќе добијат кристална форма, се додава исчистената боранија и се покрива вок тавата со капак за да може да омекне.
Бидејќи боранијата е млада, таа омекнува за петнаесеттина минути и во неа ги додаваме парчињата топено сирење, пармезанот и крем сирењето, по 5 минути ја додаваме и павлаката за готвење и мешаме се заедно.

Вака подготвената боранија се остава да се издинста уште десеттина минути, се додека не испари сета непотребна вода од павлаката и јадењето ја добие потребната густина. Кога ќе биде готова боранијата таа може и да се потпече во огноотпорен сад или во керамички сад, откако ќе се прекрие или со едамер или со моцарела сирење, а готова е кога кашкавалот или моцарелата ќе се истопат и ќе добијат килибар потпечена кора.

Оваа боранија може да биде предјадење, може да биде гарнир со некоја шницла или печено парче месо, но ако се додаде во неа и пилешко месо, таа станува комплетен оброк за ручек.
Вака подготвената боранија има прекрасен вкус и ја консумираат дури и оние лице кои не јадат боранија. Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови