Ова ни беше првиот десерт подготвен во нутрибулет, жива храна, посен, вегански, вегетаријански....

Подготовка
1. Морковите ги мелеме со вода или сок во блендер.
2. Ги мелеме и јаткастите плодови.
3. Какао путерот го растопуваме на тивок оган.
4. Ги соединуваме сите состојки и формираме бомбици. Ги оставаме да се стегнат во фрижидер.
5. За преливот го растопуваме кокосовото масло, па додаваме агаве и какао.
Мешаме до соединување, кратко време го ладиме, па ги прелеваме бомбиците секоја посебно.
6. Украсуваме со сечкани фстаци.

Забелешка
Од оваа смеса излегуваат околу 25 бомбици.
За да ви се формираат бомбиците и да имаат потврда структура, многу зависи сочноста на морковите, затоа густина калкулирајте ја со додаток на ореви или бадеми.
Сокот или водата ви се потребни за да се изблендира убаво морковот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани