19
јун
2014
Бомбици со кикирики и чоколадо
Кикириките и бисквитите сомелете ги и ставете ги во еден подлабок сад.
Во сад на оган зовријте ја водата, додадете ги шеќерот, ванилата и путерот. Дури е жежок шербетот потурете ги кикирите и бисквитите и оставете ги да се изладат. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот ставете го медот, а во другиот топеното чоколадо. Направете бомбици, валкајте ги во рендано чоколадо и мелени кикири.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови