Маргаринот треба да биде омекнат на собна температура. Во него додаваме млеко во прав ,шеќер во прав и ванилата. Месиме да се соединат состојките да добиеме тесто.
Бананите ги сечеме на парчиња околу 1см. Земаме од тестото го валкаме во круг потоа го расплескуваме на рака во средината ставаме парче банана, затвораме да добиеме повторно круг со околу 2,5 см. Секое топче со четка, нежно го премачкуваме со вода и валкаме во кокос. Доколку ги ставате во ладилник бананите попрскајте ги малку со сок од лимон, да не потемнат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови