17
фев
2017
Бомбици од суви кајсии и мелени ореви
Во еден сад ставаме шеќер и вода, го ставаме садот на тивок оган и ги додаваме кајсиите и сувото грозје. Вариме околу 4-5 минути додека овошјето не омекне. Треба да остане една до две лажици од сирупот. По желба можете да ги испасирате или да ги оставите на парчиња. Потоа ги додаваме останатите состојки и добро ги соединуваме. Ги формираме бомбиците и оставаме да се потсушат 2-3 часа. Ги преливаме со растопено чоколадо со масло, ги декорираме и сервираме.